Вежби кои жените над 50 смеат и треба да ги прават

18 октомври 2019

Грижата за изгледот и здравјето години наназад стана тренд и потреба. Брзиот начин, но и медиумите придонесоа за таа промена.

Сепак, не сите вежби се за секоја возраст.

Професорката за кинезологија и здравствено образование на Универзитетот во Тексас, Дикси Станфорт, истражила и објавила неколку трудови за телесните активности кај возрасните луѓе, постари од 50 години. 

Со тоа сака да ги поттикне да се фокусираат на функционален тренинг, движењата во кои мускулите ги извршуваат секојдневните функции. 

Според неа, петте вежби кои следат во продолжение се идеални за луѓето на оваа возраст, со кои ќе го придвижат целото тело.

 

Склекови

Позната и стара вежба. Не одзема многу време, а е одлична за да ја подобрите силата и издржливоста. Можете да ја правите било каде и не ви е потребна никаква опрема.

 

Веслање

За оваа вежба потребна ви е справа во теретана, или пак можете да се обидете дома со еластични ленти. Ако пак сте спортски настроени, веслајте во кану или кајак, без да се форсирате.

 

Клекнувања

Ги зајакнуваат нозете, ја подобруваат подвижноста на долниот дел од телото, како и зглобовите, коските кои ги јакнат и го подобруваат нивното здравје.

 

Исчекори

Оваа вежба може да помогне во развивањето на издржливоста на долниот дел од телото. Идеална е за почетници. 

 

Вежба по избор

Професорката вели дека во комбинации со споменатите вежби додадете уште една своја, која сакате да ја правите. Тоа може да биде танц, јога, пливање, трчање, пешачење... било што во што ќе уживате. Единственото правило е редовно да ја практикувате.

 

Објавено:
18 октомври 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.215 пати
Тагови: 
вежби 50+