Жени над 40 ги споделуваат своите тајни за убавина

20 април 2018

Годините се само бројка и жените секој ден го докажуваат тоа. Дека можете да изгледате одлично и после 40 – тата докажуваат и овие дами кои со нивните едноставни и супер совети, успеваат да ја задржат свежината и секој ден да изгледаат добро.

Секако, имајте на ум дека грижата за кожата и здравјето пред сѐ, треба да ја подигнете на едно повисоко ниво за да може да блескате со ист сјај како и секогаш.

Во продолжение, ви презентираме 10 совети од исклучителни жени кои супер се грижат за своето тело и блескаат со многу малку напор.

1.Секогаш истакнувајте ги вашите трепки

„Неколку слоеви од добра и квалитетна маскара на вашите трепки ќе им даде живот и сјај, а очите ќе ви изгледаат позаводливо од кога и да е. Едноставно, ќе се чувствувате добро“, вели Глорија Мејфилд Бенкс, мотивациски говорник.

2.Маслиновото масло прави чуда

„Кожата околу очите многу ми се суши, па секогаш пред спиење нанесувам малку маслиново масло кое прави вистински чуда“, вели Џин Карн Вулф, помошник директор во училиште во Филаделфија.

3.Самодовербата е клучот за сѐ

„Мојата невладина организација која се залага за жените што поминале низ терапија за лекување на рак на дојката, им овозможува бесплатна фотосесија на сите за да можат да видат колку всушност се убави. Она што мене ми влева голема самодоверба се истакнатите очи со црно моливче (се смее). – Џилијан Веран Резо, мејк ап артист.

4.Ставајте креми со заштитен фактор

„Задолжително, секој ден ставајте креми со заштитен фактор, бидејќи кожата ќе ви биде благодарна. Посакував и јас да ставав многу порано“, вели Џенифер Чу, ко – основач на платформата за здрава храна , Nurture Life.

5.Истакнете ги вашите очи

„Сакам очите да ми блескаат, така се чувствувам прекрасно. Секогаш ги истакнувам со тенка црна линија со моливче, а потоа додавам и ајлајнер за подобар изглед“, вели Енџи Шмит, креатор на блогот Hot and Flashy.

6.Погрижете се за подочниците

„Обидете се да ги смалите подочниците со тоа што ќе нанесете топла вода на мека површина и ќе оставите да постои на вашите очи. Ќе се чувствувате многу подобро и посвежо“, вели Дајан Латикер, основачка на невладина организација.

7.Грижете се за вашата кожа

„Досега во животот бев толку фокусирана на други приоритети што немав време да се грижам за себеси и за мојата кожа. Денеска, на 46 години имам секојдневен режим според кој се водам, а кој вклучува задолжителна нега со квалитетни производи“, вели Норма Интраго.

8.Правете здрави избори

„Јадете здрава храна за да останете фит. Така ќе се чувствувате добро и одвнатре и однадвор. Здравата исхрана ми дава енергија со која успевам да се ослободам од притисокот“, вели Бет Патерсон, дел од организација која доделува стипендии на млади.

9.Грижете се за себе

„Никогаш не заборавајте да се грижите за себе, тоа е клучот. Постојано некаде брзаме и забораваме да одвоиме време за себе. Мислам дека е важно да намалиме со темпото и малку да се разгалиме“, посочува Рената Џој, основач на сајт за фитнес.

10.Хидратацијата на кожата е од исклучително значење

„Пронајдете ги производите што најмногу ѝ одговараат на вашата кожа и задолжително погрижете се таа да остане хидрирана. Секогаш нанесете балсам за нега на усни, бидејќи и тие се подеднакво важни“, вели Дебора Линднер.

Објавено:
20 април 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.004 пати