Животот започнува во 40-тата! Сè дотогаш е истражување...

6 февруари 2019

Енди Руни е телевизиски и радио водител, кој публиката го памети по емисиите „A Few Minutes with Andy Rooney" и „60 Minutes“ на Си-Би-Ес мрежата.

Во една од неговите емисии, позборува и за животот во 40-тите.

А во продолжение ви пренесуваме дел од неговите зборови:

„Јунг рекол, животот започнува во 40-тата: Дотогаш правиме истражување!“.

Колку сум постар, сè повеќе ги почитувам жените постари од 40 години. Еве неколку причини зошто:

-Жена над 40 години никогаш нема да те разбуди сред ноќ за да те праша: „За што размислуваш?... Едноставно, не ја интересира.

-Кога жена над 40 години не сака да гледа натпревар, таа не седи покрај тебе на креветот. Таа ќе се забавува со нешто друго, нешто за што е расположена. А тоа најчесто е нешто многу поинтересно од натпреварот.

-Жената над 40 години доволно се познава која е и што сака. И од кого сака. 

-Само мал број жени над 40 години ги интересира што мислиш ти за нив. Жените над 40 зрачат со гордост и самодоверба.

-Ретко ќе ти направат сцена пред луѓе на некое случување. Но, ако си заслужил, нема да се двоуми да те казни.

-Со годините, жените стануваат видовити. На жената над 40 не треба да и објаснуваш што си направил - таа веќе тоа го знае!

-Жена над 40 изгледа прекрасно кога ќе стави црвен кармин, што не може да се каже за поголемиот број помлади жени. 

-Повозрасните жени се посигурни, поискрени и отворени. Тие во лице ти кажуваат кога се однесуваш како идиот. Со неа, никогаш не мораш да прашуваш на што си, го знаеш тоа.

Да, има многу причини зошто ги почитуваме жените над 40 години.

За жал, понекогаш спротивното не вреди..

На секоја прекрасна, интелигентна, привлечна жена над 40 години често доаѓа еден „остатокот“ од нечиј дебел стомак во жолт шорц, кој поради 22 годишна келнерка прави будала од себе... :) “

Andy Rooney “60 Minutes” – CBS

Објавено:
6 февруари 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.864 пати
Тагови: 
мода стории sweet40+