10 летни инспиративни комбинации на блогерката Хана Стефансон

6 јуни 2017

Веруваме дека социјалната мрежа Инстаграм е вистинска инспирација за сите девојки, особено кога станува збор за летните комбинации и трендови.

Профилот на блогерката Хана Стефансон е еден од оние кои мора да почнете да ги следите, бидејќи токму таму, ќе најдете неверојатно стилски идеи за ова лето.

Иако таа можеби не е позната како другите блогерки од Шведска, сепак има огромен потенцијал за кратко време да стане една од најпопуларните, благодарение на одличните комбинации по кои стана позната за кратко време.

Покрај тоа што е блогерка, Хана е и креативна консултантка во една компанија, фотографка и основач на еден интересен проект поврзан со здрава храна кој е многу популарен во Шведска.

За својот стил таа ќе каже дека е типично скандинавски, едноставен и лежерен со интересни детали по кои таа е и позната.

За ова лето, таа предлага долги кошула – фустани комбинирани со плетени чанти и сандали со ремчиња, како и многу еднобојни комбинации украсени со интересни модни додатоци и секогаш одлични и тренди чевли.

Доколку ви треба мала инспирација за ова лето, тогаш Хана и нејзиниот Инстаграм профил се совршена прилика за тоа.

Фото: Инстаграм

Објавено:
6 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.637 пати
Извор: 
journal