10 модни комбинации што немаат рок на траење

3 октомври 2017

Секој од нас со доаѓањето на новата сезона се информира за актуелните трендови и како да ги имплементираме во личниот стил. Некогаш се повторуваат, некогаш доаѓаат нови, или стари само малку видеоизменети, а ние се трудиме да се прилагодиме.

Но, постојат и парчиња, односно комбинации што не се засегнати од било кој тренд. Нивната актуелност никогаш не е доведувана во прашање, бидејќи многу често се основа на која подоцна ја надрадуваме комбинацијата.

Ако и оваа есен се прашувате со што да се подновите, листата во продолжение ќе ви го олесни шопингот во многу нешта, особено имајќи предвид дека ќе инвестирате во безвременски парчиња, што потоа само можете да ги надополните со некој од актуелните трендови (принт, боја, моден додаток...)

#1 Џинс и бела блуза/кошула

 

#2 Џинс и џемпер

 

#3 Класични панталони во комбинација со било каков горен дел

 

#4 Есенски мантил

 

#5 Едноставна блуза и широко здолниште

 

#6 Блејзер во комбинација со џинс/панталони/здолниште/комбинезон

 

#7 Џемпер, здолниште и рамни обувки

 

#8 Кошула-фустан

 

#9 Ролка со било која комбинација

 

#10 Црн мал фустан

 

Бонус: Квалитетна чанта и чевли, како и црвениот кармин, волнен шал и убави ракавици се модни детали што многу ќе влијаат врз вашата севкупна појава.

Објавено:
3 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.881 пати