10 перфектни деловни комбинации кога температурата е над 35’C

5 јуни 2018

Во лето, кога температурите растат, вистински предизвик е да одберете комбинации за на работа што истовремено ќе бидат стилски и шик, соодветни на деловниот дрес код, а истовремено во кои ќе се чувствувате пријатно.

Затоа, исклучително значајно е да внимавате на изборот на материјали, со приоритет на природните. Памукот и ленот се вистински благодет за топлите летни денови на работа, затоа што облеката изработена од овие материјали и дозволува на вашата кожа да дише, што пак е исклучително значајно за вашата удобност во „сопствена кожа".

Актуелните тенденции се во прилог токму на удобниот и пријатен изглед, па ќе најдете голем избор на облека во лежерни кроеви, што соодветно може да се имплементираат во вашиот деловен стајлинг.
Монохроматските комбинации во бела, земјени тонови или пастелни нијанси, се секогаш сигурен избор – па кога се двоумите, нема да згрешите ако одберете на пример костум во боја на лаванда, бел миди фустан или сафари панталони со висок струк и свилена маичка во истата боја.

Издвоивме десет деловни комбинаии за кои веруваме дека ке ви бидат во прилог ова работно лето.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
5 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.421 пати
Тагови: 
тренд лето