10 зимски јакни што ви се единствено потребни оваа сезона

30 ноември 2018

Се чини дека зимата конечно дојде ако судиме по ниските температури кои владеат овие денови. Поради истите, потребно е добро да се облечеме, но исотвремено да бидеме супер стилски и со шик парчиња кои ќе не стоплат.

Фото: Manhattan Minds

Покрај комбинациите што секојдневно ги правите, погрижете се да имате добра зимска опрема, а на прво место секогаш е топлата зимска јакна.

Како и секоја година, познатите high street брендови имаат огромна понуда на топли зимски јакни, па на вас останува да го одберете вашиот фаворит.

Иако едно време се чини дека заборавивме на овие супер парчиња, долгите зимски јакни повторно се враќаат на престолот, овојпат во многу нови форми и бои.

Можеби истите на прв поглед ќе ви се чинат непривлечни и волуменозни, но бидете сигурни дека покрај тоа што супер ќе се стоплите, ќе бидете и тренди.

Она на што треба да внимавате е да го одберете вистинскиот крој за вас, оној што најдобро ви прилега и да уживате во студената зима без проблем.

Не дозволувајте студеното време да ви ја расипе забавата, туку одберете топла и шик зимска јакна и уживајте во сите настани на отворено.

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
30 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.774 пати