Куса јакна од PVC материјал, лежерен и лесен розов капут и лелеав фустан се парчињата во кои ќе ја поминеме оваа прекрасна есен.

Есенските парчиња веќе некое време можеме да ги набавиме низ продавниците, но омилените H & M како секогаш да ги имаат најстилските парчиња.

Со оглед на тоа што и температурите полека се намалуваат, сега е вистинско време да ги одбереме клучните парчиња кои мора да ги имаме во нашиот плакар оваа сезона.

Во понудата на H & M ќе најдете многу интересни парчиња, како долги плетени фустани кои се совршен пар со чизмите до глужд, потоа бели патики како едни од најпосакуваните сезонава, лежерни и широки фустани во разни бои, кожени јакни, ретро фустанчиња, класични и уникатни кошули со шик закопчување и уште многу идеални парчиња за секој ден, но и за посебни прилики.

Доколку оваа сезона се заситивте од бомбер јакните, во понудата на H & M ќе најдете и многу други модели на јакни кои се одлична замена на овој тренд.

Во галеријата погледнете ги сите парчиња во кои вреди да се инвестира оваа есен.

Објавено:
21 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
15.265 пати