13 најдобри изгледи на Тејлор Свифт

10 октомври 2013

Тејлор Свифт е позната пејачка, идол на многу млади генерации, но и вистинска модна икона. Направивме селекција на некои од нејзините најдобри стилски појавувања и еве за кои изгледи се одлучивме:

Бела предимензионирана кошула во машки стил, во комбинација со чорапи со точки, рамни чевли,  голема чанта во различна боја од обувките и шапка. Идеална секојдневна комбинација во која ќе изгледате убаво и комотно, како што тоа го практикува и оваа актерка.

 

 

Необичен спој на материјали и дезени. Морнарско сина боја на џемпер и плисирано здолниште во жолта нијанса, комбинирано со црвени чевли на не многу висока потпетица и тиркизна боја на чанта. Косата врзана во опавче и минимална шминка каде црвените усни ќе бидат ставени во фокусот. Смела комбинација во која Тејлор изгледа супер.

 

 

Бел фустан во грчки стил кој го нагласува гламурот и е совршен избор за на црвен тепих. Ова е креација на Емилио Пучи во која Свифт изгледаше како принцеза.

 

 

Краток коктел фустан на долги ракави, изработен од тантела и свиленкаст материјал, дело на единствениот Зухаир Мурад, надополнет со Џими Чу потпетици. Елегантна и женствена комбинација и избор кој совршено одговара за ваква гламурозна прилика.

 

 

И повторно одличен избор на тоалета која Тејлор ја носеше на доделување на Греми наградите во 2012 година, а е креирана повторно од Зухаир Мурад. Златестите тонови одлично и прилегаат на тенот на оваа преубава русокоса.

 

 

Со облекување на црвен фустан изработен од тантела, Тејлор докажа дека таа е храбра и смела во одбирањето на бои и дека може да носи буквално се. Од преубава принцеза до вистинска жешка мачка.

 

 

Ученички стил во боите на есента. Одличен избор и на комбинација и на бои и на модели.

 

 

Кога се појави Тејлор во креација на Ерве Леже, покажа дека и класичниот модел на фустан во малку винтиџ дух е совршен избор за неа. Според мислењата на стилистите таа е вистински камелеон во начинот на кои ги комбинира стиловите и кроевите.

 

 

Џемпер со животински принт, со плисирано здолниште и чорапи, во комбинација со плетенка на страна ја открива нејзината природна карактеристика. Покрај светската слава сепак таа е обична девојка која сака макар и на момент да изгледа и да се почувствува како дел од секојдневието на обичните луѓе, кои не мораат постојано да бидат сликани и прогонувани од папараците.

 

 

Нејзината едноставност ја нагласува и изборот на ретро-шик костим за капење со висок струк и црни очила за сонце.

 

 

Моторџискиот стил е личен избор на Тејлор за минатата новогодишна ноќ кога таа имаше свој настап на Њујорк Сквер.

 

 

Се гледа дека ретро вибрациите не само што одлично и прилегаат на Свифт, туку на суптилен начин ги нагласуваат нејзините совршени атрибути.

 

 

Ригите во рок призвук во стил на 60-тите години, комбинирани со туш и поштарска форма на шапка во црно бела нијанса, едноставно на пејачката и стојат совршено.

 

Објавено:
10 октомври 2013
Категорија: 
Тренд