18 модни правила за 2018!

2 јануари 2018

Новата година ја започнуваме со нови и свежи идеи што ќе ги имплементираме во нашиот имиџ.

Со стартот на новата календарска година, некако сите сме подготвени за промени вклучително и кога е во прашање стилот. Искористете го ентузијазмот што го носи почетокот на годината и применете некоја од идеите што ќе ви ги предложиме во продолжение:

#1 Иако секоја година носи нови тенденции, првото правило гласи: не ги применувајте по секоја цена! Новите трендови треба да бидат во функција на вашиот веќе дефиниран стил, во никој случај не треба вашиот стил да го прилагодувате на тенденциите.

#2 Инвестирајте во класични парчиња облека и комбинирајте ги во „неспоиви" комбинации.

#3 Дозволете си стилски експеримент. Охрабрете се и пробајте нешто ново за кое сте размислувале долго време. Па и по цена на тоа да биде неуспешен...

#4 Посветете повеќе внимание на накитот.

#5 Нова фризура соодветна на обликот на вашето лице.

#6 Наместо да купувате парчиња изработени од материјали што брзо ќе дотраат, инвестирајте во квалитетни материјали.

#7 Пробајте нов дизајн на џинс, соодветен на вашата телесна конституција.

#8 Стилот носи слободен, демократски дух, затоа секогаш индивидуалноста ставајте ја во преден план.

#9 Редизајнирајте некое старо парче од гардероберот.

#10 Големо ДА за еко – мода!

#11 Носете домашен дизајн.

#12 Инвестирајте во добар блејзер – предноста е што може лесно да го комбинирате во бројни варијанти.

#13 Миксајте различни стилови.

#14 Посветете внимание на тоа кои бои се најсоодветни за вашиот тен.

#15 Удобниот и лежерен изглед истовремено може да биде и секси и женствен.

#16 Инвестирајте во квалитетни чевли.

#17 Дајте им шанса на ексцентричните идеи од уличната мода, прилагодени на вашиот стил.

#18 Не се двоумете да додадете интензивни бои во вашиот деловен имиџ!

Објавено:
2 јануари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.532 пати