Иако многумина не ја сакаат зимата и студената сезона, мора да признаете дека тоа е период кога уживаме во слоевитото облекување и топлите парчиња.

Нема ништо поубаво во зима од комбинација составена од широки фармерки и некое шик џемперче или удобна блуза во кои ќе се чувствувате слободно, но истовремено и стилски.

Познатите и омилени high street продавници веќе ги наполнија полиците со огромен број модели на џемпери и блузи, па продолжениот викенд е совршен за мал шопинг.

Оваа сезона девојките ги обожаваат широките џемпери во неутрални нијанси, а подеднакво привлечни се и блузите од нежен памучен материјал, налик на оние кои порано ги носевме за прошетка во природа.

Денеска, истите тие се одличен избор и за на работа, бидејќи доживеаја вистинска преодба кога се материјалите и деталите во прашање.

Без разлика дали се со пуфкасти ракави, со извезени бисери или пак со едноставен крој, ваквите памучни блузи секогаш се супер избор.

Подеднакво посакувани се и џемперите со интересна плетка, во нежни крем и бели нијанси, но и оние класичните во темно сина или пак црна кои можете да ги комбинирате со што и да посакате.

Носете ги со широки панталони со висок струк, со кусо здолниште и хулахопки, со џинс или пак некое интересно тексас фустанче одозгора.

Издвоивме неколку модели џемпери и блузи кои се избор број еден во оваа преодна сезона во која секогаш ни е тешко да направиме комбинација.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
10 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.229 пати