Благодарение на огромниот број трендови на кои секојдневно сме сведоци, многу е тешко да одберете едно парче кое навистина ќе ви се допадне и ќе ве отсликува.

Во време кога почнуваат пролетните свадби и прослави, веројатно ви е потребен совршениот фустан во кој ќе бидете вистинска дама каде и да се појавите.

Денеска можете да најдете голем број модели во разните high street брендови, па вистинска умешност е да го одберете оној што најдобро ќе ви прилега.

Моделот со кој никогаш нема да погрешите е дефинитивно slip фустанот кој можете да го украсите со било каков накит, чевли, чанта и некоја шик јакничка и да изгледате како вистинска дива.

Ако пак сакате да изгледате навистина посебно, а сепак да се оттргнете од фустаните, купете си комбинезон кој сѐ уште е вистински хит и оваа сезона.

Без разлика што и да одберете, погрижете се комбинацијата да ви прилега соодветно и да привлечете многу погледи каде и да се појавите.

Објавено:
13 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.736 пати