30 комбинации за секој ден од септември

27 август 2018

Септември е месецот кога правиме премин од летна во есенска сезона, во секоја, па и во модна смисла.
Затоа, многу често септември е периодот кога го преуредуваме плакарот и кога есенската гардероба го зема приматот пред летната.

Но, со оглед на тоа дека летото сè уште е во тек, тоа не значи дека апсолутно се збогуваме со лесните ленени кошули, омилените лелеави фустани и отворените сандали. Напротив, септември може да изненади и да биде исклучително топол месец, па затоа правиме микс меѓу летните и есенските парчиња.

Ова е месец кога веќе може да правиме и слоевити комбинации, па размислете кои парчиња меѓусебе се во најсовршен спој.

Независно од тоа какви временски прилики ќе ни донесе претстојниот месец, ние направивме селекција на 30 различни комбинации за секој ден од септември, што ќе ви послужат како инспирација за вашите уникатни аутфити.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
27 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.447 пати