35 летни парчиња за жени со облини

20 јули 2015

Ако сте од оние што имаат облини, а притоа се двоумите каква облека да земете за летниот одмор, се надеваме дека ќе успееме да ви помогнеме.

Светските дизајнери мислеа и на оние што имаат некој килограм повеќе, па за оваа летна сезона дизајнираа парчиња во кои ќе се чувствувате удобно и опуштено.

Долги широки фустани, комбинезони со широки ногавици, плетено пончо, широки наметки, долги кафтани, се дел од парчињата што ќе ви бидат омилени и тоа не само за летниот одмор, туку за време на сите жешки месеци.

Токму со ваквиот избор на парчиња, дизајнерите сакаат да порачаат дека е исклучително важно да го оставите телото да дише, да не одбирате тесна облека или кратки панталони и шорцеви што не прилегаат на вашата градба.

Кога се костимите за капење во прашање, едноделните се тренд број еден, како и дводелните што вклучуваат гаќички со висок струк. На тој начин ќе ги сокриете недостатоците, а визуелно ќе ја подобрите фигурата на вашето тело.

Лежерноста се однесува и на изборот на материјали, кои најчесто се во бела боја или со интересен принт.

Во продолжение следи и галерија со предлози:

Објавено:
20 јули 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.386 пати