5 тренди летни комбинации за жените со облини

19 јули 2019

Иако облините се сега во тренд, ако ги следиме идеалите за убавина во светски рамки, сепак во реалноста не секогаш е лесно да се најде вистинската модна комбинација.

Сепак, летната сезона нуди повеќе можности, а ние во продолжение ќе ви презентираме неколку.

Имено, уредничката на латино изданието на „Popsugar“ е жена која се гордее со своите облини, па токму од сопствено искуство пренесува како да го споите трендот и практичноста.

Фустан на копчиња+кошула/наметка

 Комбинацијата е идеална за во текот на целиот ден. Фустанот на копчиња во окер нијанса е апсолутен хит сезонава. Ако го носите со наметка може да биде супер комбинација за работното место. Без наметката пак, може да го искористите за прошетки, излегување со пријателките, летен одмор. Во однос на изборот на модните додатоци, ќе придонесете за тоа дали стајлингот ќе е деловен или лежерен.

 

Бела кошула+панталони

Еве уште еден предлог како бојата на сезоната да ја имплементирате во вашиот стил. Панталоните се со широки ногавици, дури и малку ѕвонести на крајот, но можете да одберете и сосема прави. Должината е до глужд, па затоа е подобро да облечете обувки со потпетица, макар и мала, бидејќи така ќе изгледаат подобро на вас. Белата кошула, која патем е со благ V-израз и ѕвонести ракави совршено ќе се вклопи со панталоните. Исто така, тоа што е комотна, односно не е прилепена до телото, ја прави пријатна за носење во жешките летни денови.

 

Широко здолниште+маица на прерамки

Лежерна комбинација во која изгледате дотерано, а не сте се труделе. Супер избор доколку одите во прошетка, некоја летна прослава со лежерна нота, средба со пријателките. Исто така, доколку наскоро планирате одмор, спакувајте си ја комбинацијава задолжително. Ваквиот крој на здолниште визуелно ќе ги намали облините, а сепак ќе се види дека се тука, бидејќи струкот ќе биде нагласен, особено бидејќи и маичката е со должина токму до половината. Панделките во кои се врзуваат прерамките даваат романтична нота.


Џинс+бела маичка

Освен белата кошула, летото не може да се замисли и бел бела маичка. Во конретниов случај е од тантела и е сорвршен избор за летен романтичен стајлинг. Џинс со висок струк и прави ногавици е нешто што одлично ќе ги нагласи вашите облини, без притоа да изгледате вулгарно, а ќе ги сокрие недостатоците. Со модерни влечки или сандали, како и други модни додатоци ќе биде полн погодок.

Џинс+летно палто

Ако на претходната комбинација ѝ додадете летно палто од лен на пример, ќе добиете стајлинг кој можете да го носите и на работното место, секако ако претходно немате определено строг дрес код. Палтото е со ремен, кој се врзува околу половината и ја нагласува на вистински начин. Маичката што е во примерот, можете да ја замените и со некоја свиленкаста на прерамки или некоја друга без ракави, па палтото можете да го носите и откопчано, што ќе биде супер стајлинг за некоја летна забава.

 

Објавено:
19 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.860 пати