Ако преферирате монохроматски изглед, ова е блогерката што треба да ја следите

6 ноември 2018

Џозефин Ханинг Јенсен е 23-годишна блогерка од Копенхаген која го привлече вниманието на модната јавност благодарение на нејзиниот Инстаграм профил што функционира како стилски дневник преку кој може да добиете јасна претстава за нејзината моќна визуелна перцепција.

Ако ги разгледате нејзините фотографии, ќе препознаете високоестетизирани трендовски комбинации во кои акцентот е ставен на минималистичкиот дизајн.

Во комбинација со минимализмот многу често се присутни и монохроматките комбинации. Па, доминантни во изборот на нијанси што се присутни во незјиниот стил се сивите тонови, беж нијансите и секако црната и белата.

Доколку преферирате монохроматски аутфити, ќе најдете инспирација токму на нејзиниот Инстаграм профил.

Фото извор: Инстаграм

 

Објавено:
6 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.315 пати