Ако се двоумите – одберете плетен фустан

13 ноември 2018

Плетенините ни се љубов! Во зимскиот период се присутни речиси во сите наши секојдневни изданија. Удобни, топли, функционални, а згора на сè и во голем избор на стилски варијанти.

Меѓу сите модели на плетенини, плетените фустани ни се фаворит.

Ги имаме во предвид во секоја прилика кога немаме идеја што да облечеме – вистински избор се за прилики со опуштен амбиент, вечерна седенка со пријатели, но соодтвено комбинирани може да бидат и одлична солуција за деловен изглед.

Во зависност од приликата, ги комбинираме со патики, чизми до глужд или над колена, или пак со елегантни високи потпетици.

Доза инспирација ви посочуваме во галеријата во продолжение.

Објавено:
13 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.139 пати