Актуелен тренд: Карирано здолниште

20 февруари 2018

Ако комбинациите што периодов ги практикувате ви изгледаат здодевно и се размислувате како да го освежите гардероберот, наш предлог е да го извадите заборавеното карирано здолниште, да преправите некое од вашата мајка или баба, или ако го немате - да се подновите со едно.

Притоа, потрудете се да бидат во поживи бои, бидејќи сивите или кафено-беж комбинации не се веќе „ин“. Интензивните бои ќе ја внесат потребната свежина во изгледот.

Должината ја оставаме на вас - може да биде мини, до колена или миди, во зависност од вашиот естетски сензибилитет и потреба. 

Идеални се и за работното место, но исто така добредојдени ќе ви бидат и за комбинација за средба со пријателите, посета на некоја културна манифестација, изложба и слично.

Во продолжение неколку предлози:

Објавено:
20 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.505 пати