Актуелни бои што одговараат на сечиј тен

3 јануари 2018

Еклектичната естетика дозволува комбинирање на различни дезени, ткаенини, форми и бои. Преку неа е изразен слободниот дух на индивидуализмот во неговата основна автентичност.

Од тој аспект, не се прави строга дистинкција врз основа на тоа кои бои одговараат или не одговараат на вашиот тен, но во актуелната палета на бои за оваа сезона, постојат неколку универзални нијанси што се соодветни на сечиј тен.

Нема да погрешите ако одберете црвена, смаргадно зелена или пак тиркизна. Храбри и интензивни бои, но сепак припаѓаат на оној сигурен избор во поглед на вашиот тен.

Во продолжение ви ја посочуваме комплетната листа на актуелни бои, соодветни на сечиј тен:

Пудрестa розова


Смарагдно зелена


Тиркизна


Темно виолетова


Црвена

Објавено:
3 јануари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.139 пати
Тагови: 
бои тренд