Атрактивен пролетен стил во беж нијанси: комбинации за стартот на сезоната

14 март 2019

Ако им припаѓате на оние кои ги преферираат неутралните тонови во облекувањето, тогаш во стартот на пролетната сезона ќе може да бирате меѓу богатата палета на беж нијанси.

Иако вообичаено со пролетните трендови паралелно се отвора колорната карта на поизразени, интензивни бои, сепак речиси неминовно, неутралните тонови се присутни.

Оваа палета се користи во секогаш атрактивниот сафари стил што повторно ќе биде актуелен, а исто толку популарна е и во деловниот стил.

Беж нијансите се секогаш избор и кога е во прашање бохо естетиката, па така може да забележите дека оваа палета на бои всушност ќе има широка примена оваа пролетна сезона.

А како може поинаку да ја имплементирате во вашиот стил, ви посочуваме низ фотографиите во продолжение.

Објавено:
14 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.626 пати