Авторитет и шарм во едно женско одело со интензивен колор

18 ноември 2019

Таа е независна, самостојна, самоуверена и ги препознава вистинските вредности, а притоа нејзиното естетско чувство е остро „избрусано". Се препознавате себеси?

Тогаш Вие сте жена која нема потреба од одобрување од средината, вклучително и кога стилот е во прашање. Наместо да се прилагодувате, вие креирате.

Таков тип на жени не ги прифаќаат површно сервираните трендови, туку прецизно одбираат која е нивната средина што ја заслужува нивната лојалност.

Истовремено, таквите жени ќе ги препознаете по тоа што отстапуваат први и немаат проблем со тоа да бидат различни. Тие пак, се препознаваат себеси во облека која ќе го одрази нивниот карактер, личност и идентитет. Нивната облека е нивниот невербален јазик со кој комуницираат со средината. И за нив е создадена облеката што не може да ја износи секој. Тие го бираат она за кое другите можеби се двоумат или едноставно немаат храброст.

Оделото кое е скроено надвор од црно-сивите стандарди, а носи богат и интензивен колор, ним им е предизвик. Затоа, ова е селекција на моќни женски одела, во изразени и јаки бои, што им стојат добро на дамите преодредени да отстпуваат од комфорната зона.

Фото: Пинтерест

Објавено:
18 ноември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.222 пати