Иако е зима, тоа не значи дека треба да се откажеме од стилските комбинации во светли нијанси, туку напротив, треба да ги ставиме на прво место.

Кога сме кај светлите нијанси, белата и беж боја секогаш даваат некоја прекрасна доза на шарм во сите комбинации и со парчиња во овие бои, изгледаме супер софистицирано.

Спојот на овие две нијанси е навистина шармантен, па така никогаш нема да погрешите доколку комбинирате парчиња во истите.

Како основа на комбинацијата, без проблем и оваа зима нека ви бидат белите панталони што ќе ги надополните со шик џемпер или кошула во беж нијанса.

И оваа година, како и минатата, вистински хит се капутите во беж нијанса, па ако сè уште немате еден таков во вашиот плакар, сега е време да инвестирате во ова парче.

Бидете храбри и оваа зима носете и целосно бели комбинации во кои ќе блеснете уште повеќе во овие студени денови.

За инспирација, во галеријата погоре погледнете неколку стилски изданија во овие нијанси на девојки од светот.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
8 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.425 пати