Белата кошула - заеднички пресек во стилот на различните генерации

15 август 2014

Независно од генерацијата, стилот или професионалната определба, во женскиот плакар секогаш постои некое парче кое подеднакво добро се вклопува во имиџот на секоја дама.

Несомнено, едноставната бела кошула е безвременско модно парче кое е заеднички моден пресек во стилот на различни генерации жени. Иако можеби првично асоцира на класичен или деловен изглед, напротив белата кошула со мала и соодветна адаптација добива различни варијанти соодветни за животниот стил на различни типови жени.

Повозрасните дами во третата доба од својот живот, класичната бела кошула може да ја комбинираат со удобен блејзер и миди здолниште или панталони.

Деловните жени во секој случај следејќи го корпоративниот бонтон, задолжително ја спаруваат белата кошула со струкирано сако или доколку им дозволува работната позиција, впечатлив накит.

Актуелна тенденција која трендсетерките веќе ја применуваат, е кошулата која е закопчана само до половина, а остатокот е пуштен слободно да паѓа откривајќи мал дел од стомакот.

Одлична и е комбинацијата на бела кошула со здолниште или панталони со висок струк или пак туника со интересен принт врз кошулата.

 

 

Објавено:
15 август 2014
Категорија: 
Тренд