Бели фустани за првите топли денови

2 април 2018

Покрај малиот црн фустан, уште едно класично модно парче во кое вреди да се инвестира е романтичниот бел фустан.

Неговата безвременост ги анулира границите на трендовите и сезоните, па токму затоа секогаш е корисно во плакарот да имате едно вакво женствено парче.

Секако топлите денови се идеални за бел фустан, а едиствено што ви треба за да го комбинирате, се добар пар чевли: лесни сандали за преку ден или високи потпетици за некоја коктел забава или некое посебно случување.

Транспарентните бохо фустани со везови се една варијана која ќе биде актуелна и оваа пролет-лето сезона, а особено се шармантни белите фустани со точки или пруги. Бел фустан со соодветен крој, може да носите и на работа, комбиниран во вашиот деловен аутфит со сако и со удобни чевли на дебела потпетица.

Фото извор: Пинтерест, Инстаграм

 

 

 

Објавено:
2 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.796 пати