Бели кошули со неодоливи детали

9 март 2017

Белата кошула е едно од оние базични парчиња речиси во сечиј гардеробер. Затоа што се работи за класично парче облека, лесно може да се комбинира и во стилски различни комбинации и за различни прилики.

Но, сведоци сме дека во модната индустрија со секоја нова сезона се наоѓаат различни начини како тие базични парчиња облека да добијат нова интерпретација.

Таа промена може да се однесува на кроевите, но и на деталите. А токму на деталите е ставен главниот акцент кај овие модели на бели кошули што ви ги предлагаме денес.

Минималистички, но навистина досетливи и симпатични – везови, натписи и апликации со кои обичната бела кошула добива една сосема нова стилска димензија.

 

 

Објавено:
9 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.175 пати