Како што во зима омилено парче за комбинирање ни се фармерките кои секогаш се полн погодок, така е со белите панталони во лето.

Тие се непресушен извор на инспирација кога станува збор за летни комбинации во кои сакаме да бидеме впечатливи, а притоа да се чувствуваме удобно и лежерно.

Без разлика дали ќе одберете широки или тесни, кратки или долги, белите панталони ќе ви ја разубават секоја комбинација и ќе стават посебен печат на истата.

Носете ги секој ден во комбинација со елегантна кошулка за на работа или пак некоја лежерна маичка на куси ракави или широка блузичка.

Тие се супер бидејќи можете да ги комбинирате и со разни чевли како на пример балетанки, високи потпетици, патики или пак некои шик сандали во топлите денови.

Елегантни, префинети и секогаш стилски, овие панталони се полн погодок во сите оние денови кога не знаете што да облечете, а сакате да изгледате впечатливо.

Ако во вашиот плакар сè уште немате еден чифт бели панталони, набевете си едни уште денеска.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
23 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
713 пати