Беспрекорни деловни комбинации по теркот на Викторија Бекам

15 март 2018

Таа е најдобриот промотор на својот моден бренд. Можеби тоа е еден од клучните сегменти како за 10 години постоење, Викторија Бекам стана влијателно име во модниот свет.

Не пропушта прилика, секое свое јавно појавување да го искористи за промоција на новите парчиња со нејзин дизајнерски потпис. Така веќе низ улиците на Лондон, Париз, Њујорк – Викторија Бекам ја гледаме облечена од глава до пети во Викторија Бекам.

Нејзиниот имиџ е особено инспиративен за деловните дами, што се должи на практичниот, симплифициран, но сепак дизајн со карактер, што е основен белег на облеката што таа ја креира.

Погледнете како изгледа актуелниот деловен стил по теркот на Викторија Бекам.

Фото извор: Инстаграм, Пинтерест

 

Објавено:
15 март 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.935 пати