Безвременска елеганција: црно-бели комбинации

26 ноември 2018

Секоја модна дилема, независно од сезоната и трендовите, секогаш има еден сигурен одговор: црно-бела елеганција.

Спојот на црната и белата во различни стилски изданија секогаш гарантира префинет и софистициран изглед. Се работи за вечно актуелна комбинација, за која не важат ограничувања од аспект на актуелни тенденции.

Оваа сезона, безвременскиот црно-бел спој, добива нова димензија, благодарение на неколку клучни детали: пепито дезенот, принтот во црно-бели пруги, бејзик парчињата во црна односно бела варијанта што лесно се комбинираат со остатокот од гардероберот.

Пепито дезенот е присутен во дизајнот на сите парчиња облека, од топлите шалови-ќебиња до класичните панталони, па го комбинираме во различни изданија од кежуал до деловни. Белиот односно црниот макси капут е едно од клучните зимски парчиња, што оваа зима го комбинираме со широк ремен околу струк, предимензиониран шал и шешир. Плетените ролки во црна или бела варијанта се одлична солуција за комбинрање со елегантни панталони, џинс или пак миди здолништа. Белата кошула пак, како незаменлива класика, е основата на бројни црно-бели изданија, вклучително и за оваа сезона, па ја имплементираме во деловни комбинации со црни панталони со висок струк и блејзер или пак во ноншалантно издание со црн џинс, кожена јакна и мото чизми.

Ние само ви посочивме неколку идеи, а вие потрудете се и оваа зима да им дадете личен печат на омилените црно-бели комбинации.

Фото: Пинтерест

Објавено:
26 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.303 пати