Безвременската сина кошула во сите летни трансформирани изданија

25 април 2019

„Формалната", деловна сина кошула низ сезоните се модифицираше и модернизираше во толку различни изданија, што најде примена на многу нивоа, надвор од канцеларија.

Подеднакво е хит и во уличната мода и во деловниот дрес код, благодарение на изведените, неконвенционални верзии.

Од струкиран, кројот премина во варијанта на предимензиониран, лежерен, асиметричен, до момент на кошула-фустан.

Токму затоа сината кошула, со сите нејзини лица и изданија, е присутна во секој сегмент на секојдневието – од бизнис коктел средби до уличните изгледи на летните фестивали на отворено.

Неколку различни трансформации на ова безвременско парче, посочуваме во продолжение.

 

Објавено:
25 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.005 пати