Безвременски есенски парчиња што летово ги купивме на попуст

5 август 2019

Последните неколку недели од летото речиси секогаш има супер попусти низ продавниците во градот, а токму ова е период што треба максимално да се искористи за да се најдат совршените есенски парчиња по супер цени.

Ако сметате дека оваа сезона е време да го обновите плакарот со некои безвременски парчиња, тогаш деновиве имате супер можност за тоа.

marie_claire

Иако можеби цените на парчињата што ќе ги споменеме во продолжение не се ултра намалени, но дефинитивно вреди да се инвестира во добар црн фустан за сите пригоди, беж мантил со два реда копчиња, црни потпетици, бела кошула и црна и кафена чанта во интересна форма.

Во исчекување сме на есенската сезона кога ќе дознаеме и кои ќе бидат најголемите трендови што девојките ќе ги обожаваат, но дефинитивно ова се парчиња што секоја дама треба да ги поседува.

Поради тоа, популарните high street брендови освен нови и тренди парчиња, во актуелната понуда ги враќаат и парчињата што ги обожаваме секоја сезона, овојпат по солидни цени на попуст.

Како што можевте да забележите од споменатите парчиња погоре, станува збор за нешто сосема едноставно, но секогаш префинето и со стил.

Црниот фустан ќе ви заврши огромна работа во оние прилики кога нема да знаете што да облечете, белата кошула ќе ја комбинирате со сите омилени фармерки, палтото со копчиња во сите оние дождливи есенски денови, а чантите и чизмите во секоја пригода.

Веруваме дека и вие го делите нашето мислење за овие модни класици, па доколку решивте деновиве да одите на шопинг, набавете си барем едно парче од листата.

Инфо и фото: Tportal.hr

Објавено:
5 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.292 пати