Безвременски „милитари“ капути

15 декември 2017

Парчињата облека инспирирани од униформираниот изглед, добиваат нова стилска модификација речиси секоја сезона.

Капутот во „милитари" фазон е едно од оние парчиња од униформираниот аутфит што важи за безвременска класика и секогаш вредно во него да се инвестира.

Милитари стилот е повторно присутен и во модните кругови на истакнатите светски дизајнерски имиња, како Балман, Валентино и Гучи кои нѐ потсетуваат на моќниот изглед, особено кога е во прашање капутот во војнички стил.

Дворедното закопчување, нагласените рамена, строгиот крој како и еполетите се основните детали позајмени од војничките униформи и имплементирани во дизајнот на овие капути кои истовремено се актуелни и во уличната мода.

 

Објавено:
15 декември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.012 пати