Безвременски парчиња – кошули со дизајнерски потпис

25 мај 2016

Во сечиј гардеробер, независно од сезоната и личниот стил, постојат одредени парчиња облека што важат за безвременска, вечна класика.

Кошулите се апсолутно вонвременско парче облека што покрај малиот црн фустан, класичните панталони и џинсот, спаѓаат во онаа група „must have" за секоја жена.

Едноставно и соодветно се имплементираат во различни стилови, од спортски и опуштен до класичен и деловен, а во последниве неколку сезони, модифицирани верзии на кошулите се особено актуелни и во уличната мода.

Македонскиот моден бренд Елена Лука креираше кошули со автентичен дизајнерски печат што лесно може да се адаптираат во имиџот на секоја жена. Со исклучително посветено внимание на деталите како што се впечатливите манжетни или украсните камења аплицирани на јаките, изборот на квалитетните материјали и кројот што ја следи линијата на телото, овие дизајнерски кошули ќе му дадат впечатлив изглед на вашиот аутфит, независно дали се работи за дневна или вечерна комбинација.

Во линијата кошули со потписот на Елена Лука, може да одберете помеѓу такви со класичен или романтичен дизајн, во пастелни бои или со ситен принт на бела основа, а секако во понудата се вклучени и секогаш актуелните кошули во монохроматска црна и бела варијанта, суптилно украсени со софистицирани детали.

Објавено:
25 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.294 пати