Би носеле ли јакна од тул?

9 јули 2018

Босанското „Кафтан студио“ на социјалните мрежи најави нешто најново од нив - јакни од тул. По волуменозноста можат да го заменат ефектот на крзнени јакни или кратки бунди, а со оглед на тоа дека брендот се залага за fur-free мода, веруваме дека тоа било и една од целите.

Како пренесуваат хрватските модни медиуми, јакните доаѓаат во неколку бои - розова, сина и црна, а се вели дека за истите веќе постои и листа на чекање.

Овој откачен, но сепак прифатлив дизајн според првите коментари ги освои модните блогерки и модни следбеници.

Со оглед на тоа дека може да се комбинира со вечерни комбинации, но исто толку добро да изгледа на рамни обувки, „Кафтан студио“ се надева дека има парче со кое ќе привлече внимание.

 

A post shared by Kaftan Studio (@kaftanstudio) onJul 8, 2018 at 12:05pm PDT

 

Во продолжение погледнете ги моделите.

Како вам ви се допаѓаат?

 

Објавено:
9 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
327 пати
Извор: 
Fashion.hr