Бидете храбри и носете принтови и во зима!

6 декември 2014

Не дозволувајте оваа зима да биде подеднакво монотона како и минатата! Со почетокот на студените температури, време е за слоевити, но секогаш колоритни комбинации.

Комбинациите со принт ќе бидат далеку повпечатливи од стандардно црните, сивите или пак темно зелените на кои многу често сме навикнати во зима.

Оваа сезона, задолжителни се парчињата со принт, а особено капутите до колена со фантастични апликации што доминираат низ улиците.

Она на што особено мора да внимавате кога бирате парчиња со принт, е никако да не ги помешате со летните принтови. Зимските принтови секогаш ќе ги разграничите преку впечатливите и уникатни апликации и геометриски форми на црна или потемна основа.

Оној кој оваа зима се издвои токму по ваквите принтови дефинитивно беше Дрис Ван Нотен кој понуди прекрасни магента и портокалови парчиња, зелени и жолти комбинации и секако, неизбежните монохроматски.

Покрај него, одлични оваа сезона беа и Роксанда Илинчиќ, Шанел и Барбери чија палета на парчиња веќе освојува ширум светот!

Објавено:
6 декември 2014
Категорија: 
Тренд