Бидете впечатливи со моделите на Fashion&Friends и Bata

16 мај 2017

Во месец мај во полн ек се матурските и апсолвентските прослави, а тие пригоди налагаат одреден изглед и кодекс на облекување. За ваквите свечености одвоивме неколку парчиња со кои ќе бидете забележани и запаметени каде и да се појавите.

GUESS

Црната боја е секогаш правилен избор кога се во прашање свечените настани. Ќе изгледате елегантно дури и во фустан со едноставен крој.

Малиот црн фустан – безвременско парче кое мора да има место во вашиот плакар. Транспарентни материјали, златни детали, без или со ракави, на едно рамо, металик сјај – разновидни фустани за секаков тип на девојки со различен стил!

REPLAY и SCOTCH&SODA

Изгледот за момците секогаш вклучува сако и кошула, но одлучете се овие парчиња да бидат во посмели бои и шари. Цветните мотиви се идеални за овој период, а Replay ги има најинтересните дезени.

Комбинирајте ги со едноставни чино-панталони како парче кое никогаш не излегува од мода. Дизајнот и стилот на палтата од Scotch&Soda е безвременски и секогаш е надополнет со шик модни додатоци како џебно марамче или украс на реверот, со кое ќе се издвоите од останатите.

Чевли од BATA

Најчесто чевлите на високи потпетици кои најмногу ни се допаѓаат и кои се најуникатни се неудобни, но тоа веќе не е проблем со моделите на Bata. Благодарение на Insolia технологијата ќе имате подобро држење на телото, распределување на тежината на целото стапало, баланс, а што е најважно, истите ќе можете да ги носите три до четири пати подолго од вообичаено и безгрижно да играте на подиум.

Од колекцијата со оваа технологија можете да најдете голем избор на обувки – сандали, обувки на платформа, „стилето“ обувки и други модели за секој тип на девојка и секаков стил на облека. За матурската прослава одлучете се за некој посвечен модел на сандали со златест или среберен сјај. Моделите во пастелни нијанси се неизбежни оваа сезона.

Момците никогаш нема да погрешат во изборот на Дерби чевли или „Оксфордки“. Bata ги има најстилските и најмодерни италијански модели, кои сигурно ќе ја разубаваат и ќе ја направат поелегантна комбинацијата.

Одлучете се за чевли со „брог“ дезен за да добиете ретро-шмек. Мокасините и поелегантните патики се иделани доколку се одлучите за полежерна комбинација, но во која истовремено ќе бидете впечатливи. 

Објавено:
16 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.144 пати