Блејзер во 10 различни пролетни комбинации

13 февруари 2019

Секогаш кога зборуваме за базични парчиња облека, што може да ги комбинирате независно од трендовите и сезоните, во најтесниот избор секогаш го набројуваме универзалниот и непогрешно функционален блејзер.

Последниве неколку сезони ова елегантно парче е толку популарно што доби бројни верзии на модели што секој може да го комбинира независно од тоа каков стил преферира.

Деловните парчиња оддамна „излегоа" надвор од канцелариите и станаа вистински хит во уличната мода, вклучително и предимензионираниот блејзер што важи за фаворит во урбаната мода.

Оваа пролет блејзерот ќе го комбинираме во различни варијанти, почнувајќи од деловни комбинации со панталони и здолништа со висок струк, па се до кежуал изглед со џинс, бела маичка и ремен околу струк.

Издвојуваме десет комбинации во кои блејзерот е комбиниран во различни стилски целини.

 

 

Објавено:
13 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.338 пати