Блогерски комбинации како инспирација за деловен изглед

16 април 2018

Модната блогерка Ариел Ноа Чарнас која се потпишува зад блогот Something Navy, e исклучително вешта во комбинирањето на „basic" и тренди парчиња, идеално синхронизирани во деловни аутфити.

Токму затоа нејзиниот блог е вистинско место каде може да најдете инспирација за вашиот деловен изглед доколку ви недостасува идеја што да облечете за вашиот следен бизнис состанок.

Ариел во својот имиџ често имплеметира принтови и дезени, без притоа комбинацијата да делува нападно или без концепт. Напротив, изостреното чувство за естетика кај неа е видливо токму преку храбриот избор на впечатливи дезени споени со посмирени тонови што заокружуваат една впечатлива, а сепак одмерена деловна комбинација.

Ќе забележите дека црвената боја, принтовите во точки и пруги, се често присутни во нејзиниот деловен имиџ.

Објавено:
16 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.809 пати