Блузата со точки е апсолутен пролетен хит кај блогерките!

18 мај 2017

Еден од водечките трендови за оваа пролетна сезона се дефинитивно нежните и лежерни блузички кои девојките веќе ги обожаваат.

Можете да ги најдете во разни варијанти почнувајќи од оние со пруги, со впечатливи карнери, со панделки и што уште не, а едни од најпосакуваните дефинитивно се оние со точки.

Девојките ги обожаваат кошулките со овој принт изработени од лежерни и шармантни транспарентни материјали кои се и најбарани.

Тие сами по себе се супер ефективни па можете да ги комбинирате со едноставни фармерки, тесни здолништа, куси панталони и што и да посакате сѐ додека акцентот е ставен на нив.

Блузичката со точки дефинитивно стана една од омилените кај блогерките за кратко време, поради нејзиниот особен шарм со кој привлекува внимание.

Тие сакаат овие блузички да ги носат со фармерки во светла нијанса со висок струк, со кои се чини изгледаат и највпечатливо.

Објавено:
18 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.521 пати
Извор: 
journal