Бохо кошули како совршено надополнување на духот на 70-те за претстојната пролет

19 март 2018

Кошулите и памучните блузи со бохо мотиви, претстојната сезона ќе бидат стилско освежување што ќе се вклопи во тенденциите што го носат духот на 70-те години.

Впрочем влијанието на 70-те години како една од омилените модни декади, е присутно речиси секоја сезона, преку различни осовремени варијанти на нивната стилска естетика.

Оваа пролет новите сезонски, дизајнерски колекции, нудат широка палета на бохо кошули со етно детали, со акцент на везените мотиви и опуштените и комотни кроеви.

Како такви, идеални се за комбинирање со панталоните со „ѕвонест" крој или џинсот со висок струк, што исто така се современа реплика на стилот од 70-те години, а надополнети со шапка, мини чанта со реси и пролетни чизми до глужд...

Објавено:
19 март 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.589 пати
Тагови: 
бохо кошули