Боите на оваа есен…

18 октомври 2018

Секоја доба од годината носи некое посебно расположение пресликано во одреден колорит.

Иако не постојат правила во релацијата меѓу сезоните и боите, сепак боите на есента се толку инспиративни што е невозможно тој шармантен есенски колорит да не се претопи и во актуелните тенденции.

Покрај црната и белата, во есен постојано се актуелизираат неколку нијанси што се наметнаа како безвременски, класични.

Така колоритот на оваа есен е во нијанси на темно црвена, студена сива, боја на чоколадо, беж и една од најпопуларните сезонава, загасито портокалова. Ова е колорната карта што ќе ја обележи оваа есен:

Темно црвена

Сива

Беж

Загасито портокалова

Темно чоколадо

 

Објавено:
18 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.785 пати