Бомбер јакни во уличен стил

27 август 2016

Сатенските бомбер јакни аплицирани со везови или со досетливи натписи, се омиленото стилско парче во актуелната улична мода.

Ѕвездите во уличната мода ги комбинираат во своите инвентивни аутфити, од романтични со макси флорални фустани до спортски со џинс шорцеви и патики.

Кога се во прашање најновите модели на бомбер јакните, што имаат свои верзии кај речиси сите познати брендови, има само едно основно правило: што повеќе апликации!

Бидете храбри и креативни во нивното комбинирање.

 

Објавено:
27 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
352 пати