Брендирани маички со логото на Елена Лука што може да ги комбинирате во различни аутфити

9 јануари 2020

Меѓу есенцијалните парчиња во сечиј гардеробер се маичките по кратки ракави што ја сочинуваат основата на бројни комбинации.

Токму затоа ваквиот модел на маички важат за задолжителни во сечиј стил, независно дали преферирате спортски, кежуал, елегантен или поекстравагантен имиџ.

Брендираните маички со логото на Елена Лука, што се достапни во бела и црна варијанта, се совршен избор како уникатна основа за секоја комбинација.

Изработени се од памук што го гарантира пријатното чувство додека ги носите, а варијантите во кои може да ги комбинирате се неограничени.

Може да ги носите во спортска комбинација со тренерки или во лежерно издание со џинс, но исто така може да ги комбинирате под сако или блејзер во вашиот деловен изглед.

Достапни се во продажба во ателјеата на Елена Лука како и на онлајн продавницата на брендот по цена од 500 денари.

Објавено:
9 јануари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
776 пати