Целосно бели комбинации за тропските температури

19 јуни 2018

Една „безбедна", а стилска варијанта како да го зачувате комфорот во своја кожа за време на тропските температури што ни следуваат, е да одберете целосно бели комбинации со парчиња изработени од пријатни и природни материјали.

Независно дали алудирате на полежерни, деловни или свечени аутфити, изборот на монохроматски, бели комбинации е неверојатен.

Секогаш може да ги имате во предвид миди или макси фустаните на закопчување и да ги комбинирате со бел шешир за преку ден, додека за вечерна варијанта може да направите слоевита комбинација од бели кратки панталони, свилена маичка и блејзер, надополнети со мини, клач чанта.

Со оглед на тоа дека белата лесно може да ја комбинирате со остатокот од спектарот бои, секогаш може да додадете накит или други модни додатоци во интензивни бои.

Фото: Инстаграм, Пинтерест

 

Објавено:
19 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.864 пати