Веќе знаеме дека потпетиците со кристали на култниот Маноло Бланик ја одбележаа неговата кариера благодарение на стилската икона Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо во „Сексот и градот“.

Оваа празнична сезона, покрај легендарниот модел на Маноло Бланик, бројни дизајнери лансираа чевли со кристали кои се совршен избор за да ги „украсите“ вашите комбинации за бројните забави.

Модната куќа Баленсијага создаде сатенски потпетици со голем кристал кои за многу кратко време станаа вистински хит кај девојките.

Тие обожаваа да ги комбинираат со сѐ, почнувајќи од елегантни и стилски фустани, па сѐ до широки фармерки и бомбер јакни за шик изглед.

Своја верзија на чевлите со кристали лансираше и модната куќа Диор како една од најпознатите во светот како и брендот Миу Миу кој претстави потпетици украсени со комбинација на бисери и кристали.

Без разлика од кој бренд и да доаѓаат, овие чевли се навистина елегантен и софистициран избор за сите празнични забави што се пред нас.

 

Објавено:
10 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.244 пати