Чизми со принт доминираат оваа сезона!

22 септември 2018

Есента календарски официјално ни пристигнува утре, но сепак листите за она што ќе биде актуелно сезонава се познати уште со месеци наназад. 

Така, ако се следат светските тенденции, оваа сезона ќе доминираат чизмите со принт. Од Калвин Клајн, преку Александар Меквин до уличните брендови, сите се согласуваат дека еднобојните чизми ќе се заменат со оние со дезен.

А каков?

Ограничувања нема, само рамки на движење.

Во есенските месеци во понудата можат да се најдат чизми со цветен принт, со што дизајнерите потсетуваат дека верувањето дека цвеќињата се само за пролет одамна веќе не важи. Освен принт, предвид доаѓаат и модели со везени цветови или цветни апликации. 

Исклучително популарни сезонава се и чизмите со кариран и пепито принт. Пепитото останува во препознатливата црно-бела комбинација, додека карираните дезени варираат во различни бои, од очекуваните кафени, преку црвени, сини, зелени, сиви...

На крајот, животинскиот принт ќе биде убедливо најпопуларен. Од леопард, преку тигар, принт на змиска кожа, до зебра, нема да згрешите со ниту еден. 

Кога се моделите на чизми во прашање, остануваат стандардните модели - до глужд, високи чизми и чизми до колена. 

Во продолжение погледнете ги примерите и инспирирајте се.

 

 

фото извор: pinterest.com; smagazineofficial.com; popsugar.com; standoutlook.com;

Објавено:
22 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.462 пати