Чоколадни нијанси во есенските трендови

24 септември 2018

Оваа есен има вкус на темно чоколадо... Топлите чоколадни и карамела нијанси веќе ги обоија актуелните, есенски тенденции.

Преовладуваат кафените тонови во сите нивни изданија, а особено се популарни оние во комбинација со карираниот дезен.

Од темни и загасити чоко нијанси до суптилни капучино тонови, топлината на овој колорит ќе внесе шармантна ретро нота со модерен призвук во модниот свет.

Капутите и мантилите на врзување, плетените фустани и здолништа, чизмите од велур, чантите за преку рамо и оние со кратка рачка – сите овие омилени есенси парчиња, оваа сезона имаат своја „чоколадна" варијанта.

 

Објавено:
24 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.545 пати