Црн мантил од Max&Co совршен за преодната сезона

7 март 2017

Ако сѐ уште сте во потрага по совршениот црн мантил за оваа преодна сезона, денеска имате среќа да го најдете вистинскиот одговор.

Она што секоја жена треба да го има во својот плакар е дефинитивно црниот долг мантил од Max&Co што можете да го носите со што и да посакате.

Бидете вистинска шик девојка и оваа пролет носете го со тесни фармерки и високи црни потпетици, а блузичката или кошулата нека бидат сосема дискретни.

Во него ќе се заљубите на прв поглед, а за кратко време ќе стане и ваш најдобар пријател, бидејќи ќе можете да го носите во бројни пригоди.

Воопшто не двоумете се и ако пред вас е некоја свеченост како свадба или слично, па избраниот фустан надополнете го токму со овој мантил во кој ќе се заљубат сите.

Нагласете ја половината со ремчето од мантилот или пак уживајте во прошетките сосема лежерно со удобноста што ви ја нуди истиот.

Доколку сте обожавател на колоритни комбинации, без двоумење одберете целосно пастелна комбинација во некоја прекрасна розова или сина боја и крунисајте ја со овој мантил.

Во продавницата на Max&Co ќе пронајдете и други тотално женствени палта за кои веќе знаеме дека ќе ги обожавате!

Стајлинг: Fashionel

Комбинација: Magnetik Group

Шминка: Даниел Николовски

Модел: Марго Бојаџиевa

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
7 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
600 пати