Црни фустани од кадифе – елеганиција независна од тенденциите

6 декември 2018

Статус на елеганција независен од актуелните тенденции – црниот кадифен фустан е во редот на таквите безвременски, стилски парчиња.

Особено овој период од годината, кога нè обзема празнична еуфорија, овој тип на фустани се секогаш сигурен погодок без разлика дали се работи за свечена или секојдневна прилика.

Едноставниот крој и ненаметливиот дизајн, а истовремено префинетиот доем кај оваа верзија на фустани, се соодветни за комбинирање со женствен, суптилен накит и елегантни чевли – така добиваме комплетен дамски изглед.

За претстојната празнична сезона, „high street" брендовите во својата актуелна понуда издвоија впечатливи модели на фустани од црно кадифе, украсени со светки или комбинирани со детали во метални нијанси, што непосредно асоцираат на празничната магија.

 

Објавено:
6 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.312 пати