Црно – бел комплет од Liu Jo за елегантна пролет

13 април 2017

Во пресрет на пролетните забави и свечености, потребна ви е една комбинација која ќе направи да се издвоите од сите останати.

Она што ние сакаме да ви го предложиме е овој фантастичен комплет од Liu Jo, односно комбинезон и палто со црно – бел принт.

Истиот е како создаден за оние моменти кога навистина не знаете за што да се одлучите, а сакате малку да се одморите од фустаните.

Станува збор за комбинезон без ракави со куси панталони и ремен на средината кој дополнително ја истакнува половината.

Комбинирајте го со ова шик палто со ист принт со кое ќе бидете вистинска елегантна дама на било која свеченост.

За да бидете малку поинаква, оваа сезона експериментирајте со стилот и комбинацијата истакнете ја дополнително со овие жолти сандали на потпетица и чантата во иста боја.

Со оглед на тоа дека станува збор за навистина впечатлива комбинација, накитот не ви е потребен, освен можеби некои нежни и сосема минималистички обетки.

Оваа комбинација можете да ја носите во повеќе пригоди, а доколку некоја свадба или пак важна свеченост е пред вас, тогаш имате полн погодок!

Објавено:
13 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
842 пати