Црно – бела комбинација за весели и забавни денови

8 мај 2017

Постојат денови кога едноставно сакате да одморите од бои и да уживате во малку посмирени нијанси, а тогаш нема ништо подобро од црно – белите варијанти.

Она што денеска го предлагаме, а е совршено за овие денови кога температурите се малку пониски, е оваа комбинација составена од слатко џемперче и шик панталони.

Бидете храбра дама и оваа пролет комбинирајте различни принтови без притоа да се двоумите, а токму таква комбинација имаме на репертоар денеска.

Станува збор за нежно и тенко џемперче со копчиња во црна варијанта со бели цветови по површината, а истото го комбинираме со стилски црни панталони со принт кои совршено се вклопуваат.

Истакнете ја комбинацијата дополнително со ова уникатно ланче во интересна форма и овие црни сандали со ремчиња кои можете да ги носите во безброј пригоди.

Комбинацијата е совршена за секојдневните обврски на работа, за ручек со пријателките, дури и за некоја свечена пригода на која сакате да оставите впечаток на вистинска дама.

Џемперчето, панталоните и ланчето можете да ги најдете во продавницата на Fiorella Rubino, додека сандалите во продавницата на Oltre во трговскиот центар Рамстор. 

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Магнетик Груп

Модел: Лидија Ангелкова

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Објавено:
8 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
926 пати